Artist: 
Search: 
Reddit

Мизар (Mizar) - Во мојот сон lyrics

Во мојот сон
------------
Овие две очи, натопени од солзи,
не се празни како твоите.

Овие две молњи што продираат низ камен,
никогаш не ќе те видат.

Овие две раце, напнати како чекан,
ќе те фрлат во небиднина.

Овие два меча догледање ќе ти речат
и глава ќе ти одземат.

Но ти ќе дојдеш онаму каде што не си повикан.
Ти ќе дојдеш во мојот сон.

Ова е едно срце и спремно е да им прости
и на бедни каков што си ти.

Сепак, ти ќе бараш начин да ме посетиш тајно,
таму каде што сум немоќен.

Ти ќе дојдеш мојот сон, ти ќе дојдеш...
Спремно ќе те пречекам, со поглед ќе те пресечам.