Artist: 
Search: 
Reddit

Архангел (Arhangel) - Човек Без Име И Презиме lyrics

Човек без име и презиме

Погледнав зад себе. Таму нема ништо мое.
Немам веќе дом и немам кому да се вратам.
Погледнав пред себе. Видов океан од солзи.
Морам, морам да заборавам.

После сите овие години се будиш во
свет кој нема минато, свет кој нема иднина.
Нема иднина за нас. За тебе и мене.

Ти си човек кој ќе згасне
со еден палав трепет на срцето.
Ти си човек без име и презиме.
Ти си човек без име.

Морам да си одам. Веќе предолго сум овде.
Негде далеки, што подалеку од тебе.
Негде далеку, што подалеку од себе.
Зашто морам, морам да заборавам.