Artist: 
Search: 
Reddit

Архангел - Архангел lyrics

Архангел

Нешто така празно
во него и во сите
Нешто толку мачно
споулавено од мир

Мислам, или гледам,
грч на нема уста
Овде не може да биде
сиот мој дух

Проаѓам низ тебе
и се е така тивко,
мирно, идилично
Секогаш вон тебе,
секогаш вон мене
Ти не си логичен,
Архангеле

Нешто така празно...

Светлото е жолто,
јас сум облечен во црно
За мене се е тука
доведено до крај

Проаѓам низ тебе...